Хабиб се изнервира од приврзаник кој се качи до него на сцената (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов се налути на приврзаник кој дрско се качи на сцената со него. Во последните денови „Орелот“ е во посета на Обединетото Кралство, каде учествува во добротворни настани за помош на сирачиња ширум светот.

На крајот од еден од настаните во кои учествуваше Хабиб, неговиот фан се качи на сцената, а Нурмагомедов го повика да не го прави тоа. Чуварите веднаш интервенирале и го отстраниле храбриот човек од сцената.

„Дозволете ми да ви кажам. Дечки, полетав од друг дел на светот за да ве видам. Знаеш, мислам дека и јас заслужувам малку почит. Благодарам.

Во целиот свет, имам голема поддршка од моите луѓе кои имаат исти ставови како мене, а јас навистина верувам дека имаме исти ставови овде.

Грижете се за вашите деца. Ова е нашата иднина. Ова е најважното. Ви благодарам, момци“, рече Хабиб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО