Уште една смрт, во Азербејџан умре човек во кафезот! (ВИДЕО)

Azerbejdžan smrt

Од Азербејџан стигна на вест за нова смрт во ММА борилиште.

 Рамин Зејналов (27 години) пред оваа недела почина за време на натпревар на ММА турнир. Несреќниот Рамин доби уништувачки удар во главата, по што се онесвестил и покрај тоа што носел заштитен шлем. Лекарите не можеле да му помогнат, а потоа се согласија за смртта, причината е крварење во мозокот.

 Таткото на покојникот,Алибас Зејналов, изјави за Sportbox дека неговиот син се натпреварувал на турнирот покрај неговото противење, бидејќи не верувал во овој спорт.

 „Рамин учествуваше без моја дозвола. Ние бевме против тоа. Јас не му дадов дозвола, не ме послуша, затоа сега е мртов“.

 Судејќи според зборовите на братот на Рамин, Рахман, починатиот борец бил носител на црн појас во таеквондо, освоил медал на кик бокс натпревар и имал искуство во мај тај.

 „Тој не беше подготвен за овој натпревар, открива Рахман, тој беше вистински спортист, кој освои 11 медали. Видов снимки од моментот на смртта. Ништо не може да му забележам на неговиот противник. Доброволно учествуваше на настанот, иако нашите родители не го дозволуваа тоа. Тој не се бореше за пари, туку тоа беше негова страст“.

 -Рамин беше најмладиот во семејството. На никого не кажал дека ќе се бори во мечот без правила. Ние случајно дознавме. Се разбира, дека му зборувавме да го одвратиме од таа помисла. Му кажавме дека има семејство и дека тоа не му е потребно, но тој не сакаше да слуша. Тоа не го направи заради пари, тоа беше неговата страст, – рече братот на рамин и додаде: „Тој има прекрасно семејство и мало девојче“.

 Рахман додаде дека е почната официјална истрага за смртта на неговиот брат. Противникот на Раман изрази сочувство до семејството.

 „Не можам да го обвинувам за смртта на брат ми. Не го уби со оружје, туку Рамин настрада во борба“.

 За сега се регистрирани девет смртни случаи во ММА борилиштата, но тоа треба да се напомене дека повеќето од тие смртни случаи се случиле во нерегулиран борби и земји во кои ММА е голема непозница.

https://youtu.be/f0eUj_T0sKs

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО