Уште една организација сака ММА да биде олимписки спорт

Fedor Cro-Cop

Уште една ММА организација одлучи да поднесе барање за приклучување на семејството на Олимписките игри. Меѓународната асоцијација на мешаните боречки вештини (WММАА) во 2017-та година ќе поднесе барање во МОК, за да бидат прифатени и овие спортови, најави за агенцијата ТАСС претседателот на ВММАА, Вадим Финкелштајн.

Изјававата на Финкелштајн е најнова на ММА организациите, бидејќи УФЦ пред ОИ во Бразил најави дека дека сакаат да бидат дел од олимпиското семејство, како и ИММАФ.

„Во следната 2017 година ќе поднесеме барање за прием ни во Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и за признавањето на мешаните боречки вештини како олимписки спорт. Документите се подготват во моментов и знаеме дека имаме големи шанси за позитивен одговор. Во нашата светска федерација членуваат повеќе од 60 земји. Во иднина ќе влеземе и во олимписката програма, иако не станува збор за 1-2 години. ВММАA е основана во 2012 година и во моментот има право да организира европско и светско првенство“,додаде Финкелштајн.

ММА веќе за четири години би можел за прв пат да стане дел од Олимписките игри и да бидат примени во семејството на олимписки спортови. Иако за тоа се зборуваме се повеќе и повеќе во последниве години, оваа недела, по најголемото проширување во историјата на Олимписките игри (Олимписките игри во 2020 година се примени карате, безбол, скејтбординг, софтбол, климбинг), шефот на УФЦ, Лоренцо Ферита, најави дека наскори и тоа ќе му се случи и на ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON