Уште 6 медали, вкупно 15 за македонските каратисти на Балканското првенство за деца

Уште шест медали прокнижија македонските карате репрезентативци на Балканското првенство за деца во Белград во Србија.

Медалите ги освоија:

Ката тим мажи 12-13 години – златен медал

Емре Салиу (-50 кг), борби-жени, 13 години – златен медал

Хамза Зијали (+55 кг), борби, 13 години – сребрен медал

Ката тим мажи 10-11 години – сребрен медал

Ката тим жени 12-13 години – бронзен медал

Ива Тасевска (+54 кг), борби, 13 години – бронзен медал.

Македонија вкупно освои 15 медали – 4 златни, 5 сребрени и 6 бронзени, со што го зазеде шестото место во вкупниот пласман. Прва е Турција со 56 (18-13-25), втора е Србија 37 (10-12-15) и трета е Босна и Херцеговина со 53 (10-11-23).

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО