„Тетово опен“ за кавадарчини ќе остане во убаво сеќавање, бидејќи каратистите на Урбан инвест во вкупниот пласман беа најдобри со вкупно освоени 30 медали (13 затни-5 сребрени-12 бронзени). Екипата на Ринија е втора (6-3-2), па следуваат Олимпик спорт (6-3-0), Металург (5-0-0), Дрини (4-6-2) итн.
На турнирот учествуваа 318 натпреварувачи од 37 клубови од Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Белгија.
Интресот на сениорите беше слаб, затоа ќе ги издвоиме само настапите на Марија Матракоса од Ронин во категоријата до 68 килограми и на Енес Смаилагиќ од Цветан Димов во категоријата до 75 килограми во борби.
Организаторот на турнирот „Тетово опен“, КК Фати од Тетово и Гостивар се погрижи се да помине на највисоко ниво.
Резутати: XIII-ти_меѓународен_турнир_“Тетово_ОПЕН_2014“_извештај