Универзитетската карате репрезентација е подготвена за Унивезритетските спортски игри во Загреб

Универзитетска карате репрезентација ги заврши 10-дневните подготовки во Бар и Сутоморе и од 30 јули до 4 август ќе настапи на Европските универзитетските игри на боречки спортови во Загреб, Хрватска.

Селекторот на универзитетската карате репрезентација на Македонија, Бошко Заборски, е многу задоволен од досегашниот тек на подготовките кои во текот на утрешниот ден завршуваат.

„Во Црна Гора имавме прекрасни услови за работа. Каратистите максимално се ангажираа и добро се подготвија за учество европската боречка Универзијада во Загреб. Иако е летен период, ние не дозволивме да се опуштиме, напротив максимално се мобилизиравме и направивме услови каратистите максимално да се подготват. Овде во Бар и Сутоморе имавме и голема подршка од најдобриот Карате клуб Омладинац од Подгорица и Бар од Бар. Со овие клубови, кои во своите редови имаат бројни носители на европски и светски медали, направивме исклучително добри спаринг тренинзи и задоволството беше обострано“, истакна селекторот Бошко Заборски.

Список на каратисти-ки кои ќе не преставуваат на Европските универзитетски игри на боречки спортови е следен, во женска конкуренција поединечно и екипно во дисциплината кумите (борби), ќе настапат:

Во дисциплината екипно борби (кумите) за жени тимот ќе биде составен од: Симона Заборска , Сара Радичевска, Моника Пендаровска и Анѓела Мојсовска.

Во машка конкуренција поединечно борби ќе не преставуваат:

Горан Николовски -60 кг, Давид Петков -67 кг, Петар Заборски -75 кг, Петар Спасеновски -84 кг, Роберто Ацковски екипно борби.

Во машка конкуренција борби екипно (кумите) составот е следен: Петар Заборски, Петар Спасеновски, Роберто Ацковски, Давид Петков, Горан Николовски. Во дисцилината кати поединечно за мажи ќе настапи каратистот Фери Исиќ.

Во Загреб, главниот град на Хрватска, од 31 јули до 4 август, ќе има 1300 учесници од 400 универзитети и 35 европски земји, ова е прво вакво  издание на четирите европски шампионати што се одржуваат како еден настан на универзитетско ниво и тоа го прават најголемиот настан во календарот на ЕУСА за 2019 година. Студентскиот дом „Стјепан Радиќ“ (Сава) ќе биде спонзорско село за сите гости кои ќе се натпреваруваат во четири боречки спортови карате, таеквондо, џудо и кикбоксинг

Сите спортски настани ќе бидат достапни на Јутјуб пренос во живо, а за повеќе информации, следете ги каналиte за комуникација (Facebook / Instagram – @eusacombat)/.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON