Умар Кремлев е реизбран за претседател на Меѓународната боксерска асоцијација

Рускиот Умар Кремлев е реизбран за претседател на Меѓународната боксерска асоцијација.

Ова се случи за време на вонредниот Конгрес на ИБА во Истанбул, кој се одржува за време на Светското првенство за жени.

Резултатот не беше изненадување за никого, бидејќи Кремлев немаше конкуренција за оваа функција. Само Холанѓанецот Борис ван дер Ворст изрази желба да се кандидира за функцијата, но не беше примен од Независната боксерска единица за интегритет.

Причината за одлуката на предметното тело е тоа што Холанѓанецот водел кампања надвор од дозволениот рок. Кандидатот, се разбира, ја оспорува одлуката, со која изборите се одложија за 24 часа, но на крајот се случи логичното и Кремљев ќе ја задржи функцијата и во следните четири години.

„Мораме да ги следиме правилата, а не да ги заобиколуваме“, изјави Русинот веднаш откако стана јасно дека победува.

„Мораме да направиме се што е можно за да ги зачуваме вредните средства што ги имаме – тренерите, спортистите и националните федерации“, додаде Кремлев.

Фатон Салиху и Рој Џонс

Нашата федерација ја преставуваше потпретседателот Фатон Салиху.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON