Ултиматум до Џошуа да се бори со Ортиз, а не со Пулев, ако не губи титула

Светскиот шампион во тешка категорија на ИБФ и ВБА, Ентони Џошуа, се соочува со сериозен проблем и е сосема можно службено да се раздели од еден од појасите.

По откажувањето на Владимир Кличко отпадна варијантата за реванш меѓу нив во Лас Вегас на крајот на оваа година, што значи Џошуа автоматски треба да се фокусира на задолжителните одбрани на титулите. Како што е познато, официјален предизвикувач на ИБФ е Кубрат Пулев, а неговите претставници, заедно со промотерите на Џошуа, веќе преговараат за двобојот. Но, ВБА инсистира на задолжителна одбрана против нивниот официјален предизвикувач, Луис Ортиз, па дури и му постави ултиматум на Џошуа.

„ВБА им нареди на тимовите на Џошуа и Ортиз да започнат преговори. Потсетуваме дека на 11 јануари 2017 година до двете страни беше пратен условот победникот од Кличко – Џошуа (на 29 април) да се сретне за задолжителна одбрана на титулата против Ортиз во рок од 120 дена. 95 дена поминаа и ВБА им нареди на двете страни да започнат преговори. Двете екипи се свесни дека на 3 август имаат 30 дена за да постигнат договор или ВБА ќе закаже уште еден меч“, се вели во соопштението.

Ова значи дека Џошуа има навистина добар тајминг да се справи со двата официјални предизвикувачи, ако не сака да изгуби еден од неговите појаси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО