Штипјани најуспешни на пеливански турнир во Косово со 3 први и 2 трети места (ФОТО)

Штипските борачи пеливани од Меѓународниот турнир во Долно Љубане, Косово, се враќаат со три први места и по две трети и се најуспешни на турнирот.

Мустафовски, Митров и Махмути

Дејан Митров ја покажа добрата форма и на овој турнир и е во серија од освојување на неколку турнири по ред и го освои првото место во трета рака. На патот до првото место ги совлада Рамадан Мустафовски во четвртфиналето, протоа во полуфиналето беше подобар од пеливан од Албанија, а во финалето се сретна со нашиот Бехар Мамхути.

Први места освоија и Горан Ангелов во 4 рака и Мики Тодоров во 1 рака, Стојанче Данаилов (4 рака) и Бобан Данов (1 рака) се трети.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО