Украинскиот боксер не сака да се бори со Руси и Белоруси

Поранешниот светски шампион во бокс во полусредна категорија (до 63,5 кг), украинскиот ветеран Виктор Постол (31-4, 12 КО) изјави дека нема да се согласи на борби со руски и белоруски боксери. Оваа одлука ја донел поради војната во Украина.

„Би сакал да се борам со Американец. Ми понудија борба со борец од Белорусија, но јас веднаш одбив. Нема да боксирм со Руси и Белоруси.

Сакам да се борам во САД со врвен боксер. Ја одржувам формата и со нетрпение ја очекувам мојата борба“, изјави Постол за Боксерската федерација на Украина.

Виктор Постол има 39 години. Украинецот е поранешен носител на титулата на ВБЦ во полусредна категорија.

Во неговата последна борба, која се одржа во февруари 2022 година, Постол загуби со ТКО во десетата рунда од Гери Антоан Расел (16-0, 16 КО).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО