Украински ММА борец мачен и убиен од сонародници затоа што тренирал со Руси

296

Украинскиот ММА борец Максим Рундовски бил мачен и егзекутиран од група војници затоа што тренирал со Руси.

Рундовски (29) е роден во Киев и се натпреваруваше во средна категорија. Тој има 1 професионална борба која заврши со победа над Артјом Клочко со ТКО.

Екстремна неонацистичка група ја презеде одговорноста за егзекуцијата на украинскиот спортист, а причината е тоа што тренирал со Чеченци.

Се верува дека Рундовски тренирал во чеченскиот клуб Ахмат и тоа била причината за неговото погубување.