Дваесет и петгодишниот украински ММА борец Егор Костјученко од прва рака ја доживеал опасноста што ја нуди животот во Америка.
Украинецот живее во Филаделфија и тренира со неколку истакнати борци на УФЦ – Шон Брејди, Андре Петроски, Џо Пајфер, Џеремаја Велс…
Шон Брејди, кој тренира со Костјученко во Премиер салата во Филаделфија, на својот Инстаграм објави видео од несреќата што го снајде младиот украински борец.
Имено, на видеото се гледа моментот кога Костјученко среде бел ден остана без својот „мерцедес“.
„Еден од моите главни партнери за тренинг беше жртва на кражба на автомобил, а крадецот го застрела. Ова се случи додека тој испорачуваше Uber Eats. Младиќ (4-0) работи напорно за да ги оствари своите соништа. Страшно е што му се случило такво нешто овде во САД. Ќе организираме кампања GoFundMe за да му помогнеме да го врати она што го изгубил во тој автомобил“, напиша Шон Брејди.
View this post on Instagram