Ронда Русеј, познатата американска шампионка во УФЦ, позираше во провокативно издание за рекламната кампања на Бафало џинс.
Во видеото е прикажано како течеше снимањето, а Русеј го коментираше нејзиното учество во кампањата.
„Горда сум поради учеството во оваа кампања“, рече таа, меѓу останатото.
Инаку, Русеј е првата жена која станала заштитно лице на овој бренд.