УФЦ подготвува 500 милиони долари за Ентони Џошуа?

Еден од водечкиот британски дневни весници Дејли телеграф, објави дека УФЦ подготвува многу голема понуда за Ентони Џошуа.

28-годишниот Британец се подготвува за меч за обединување на титулите во тешка категорија со Џозеф Паркер на 31 март во Кардиф. Ова ќе биде трет последователен меч што се одржува на фудбалски стадион.

За само неколку години Џошуа стана една од најголемите боксерски ѕвезди и тоа ну се провелче на претседателот на УФЦ, Дана Вајт.

Минатата година сопствениците на УФЦ открија дека сакаат да влезат и во бокс под закрилата на комапнијата Zuffa Boxing.

Вајт треба да биде во Кардиф на средбата Џошуа-Паркер и планира да му понуди мултимилионерска понуда.

Телеграф пишува дека УФЦ планира да му понуди на Џошуа 500 милиони долари за да стане најбогат британски боксер на сите времиња. Британцот би требало да заработува 50 милиони долари по борба.

Вајт веќе порано изјави дека Џошуа е фан и дека го променил лицето на боксот. Оваа вест доаѓа само неколку часа откако Џошуа изјави дека дефинитивно останува со Еди Херн и Мечрум боксинг кои ја водат неговата кариера од 2013 година.

Договорот со Мечрум трае уште една година. Се претпоставува дека за борбата со  Паркер ќе заработи околу 20 милиони долари.

Ќе биде ли нешто од ова време ќе покаже, а ако нешто се изроди од сето ова, можеби Стипе Миочиќ ќе му се исполни желбата и да влезе во рингот со Ентони Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО