УФЦ планира реванш меѓу Миочиќ и Дош Сантос

stipe miocic zds

УФЦ планира реванш меѓу шампионот Стипе Миочиќ и Жуниор дош Сантос.

Бразилецот остана без борба на настанот во Халифакс во февруари по повредата Стефан Струве.

Постојат планови ЖДС во неговата следна борба да се бори за титулата во тешка категорија во реваншот против Стипе Миочиќ.

Мечот треба да се одржи на 13 мај на УФЦ 211 во Далас, пренесува бразилскиот Глобо, а го пренесува и Фокс спортс.

 Во првиот меч во декември во 2014 година Бразилецот победи со едногласна одлука на судиите по пет рунди борба во Феникс.

Миочиќ во првата одбрана на титулата во септември минатата година во првата рунда го нокаутира Алистер Оверем, додека ЖДС последен пат во кафезот влезе во април, кога со едногласна одлука го победи Бен Ротвел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО