Ден за ден, Андерсон Силва се повеќе ги чувствува последиците од падот на допинг- тест во пресрет на натпреварот со Ник Дијаз. Освен без угледот, Бразилецот би можел да остане без поголеми своти на долари.
Андерсон Силва го победи Ник Дијаз и треба да добие 600.000 американски долари за учеството и дополнителни 200.000 за победата. Се разбира, ова не е комплетната сума затоа што има повеќе пари од спонзорите, но и процентот од плати па гледај.
Сепак, поранешниот шампион во средна категорија парите се уште не ги добил и прашање е дали и ќе ги добие. Бразилскиот Глобо објави дека УФЦ ја блокирал исплата додека случајот се испитува и додека Спортската комисија на Невада не ги донесе можните казни за падот на Силва на допинг – тестот. Глобо објави дека најсилната ММА промоција во светот ја блокирала исплатата на 6.000.000 долари.
Мечот треба да биде прогласен без исход (нема натпревар-како да не се случил-н.з.), а прашање е дали овој факт ќе влијае на исплатата на парите за победата. Можеби сè ќе биде многу појасно откако Комисијата ќе ја донесе конечната одлука.