УФЦ ја освојува Русија

ufc-press-dana

Во изминатите години УФЦ агресивно ги прошири своите бизниси и влезе во нови земји, како Јапонија, дел од Европа, Бразил. Во моментов, се уште не е освоен еден од најголемите пазари, но, се работи на тоа. Наскоро се очекува договор за емитување и во Русија.

Гери Кук, потпретседателот на УФЦ за Европа, Блискиот Исток и Африка, кој неодамна стана и одговорно лице за глобалното проширување на компанијата, изјави дека во Русија MMA мечвите ќе се пренесуваат на телевизија.

 „Наскоро ќе ја објавиме телевизиската зделка во Русија. Таму се 55 милиони домаќинства. Никогаш не сме правеле настан во Русија. Растот зависи од тоа дека треба да се прави адекватна содржина како за САД, така и за другите земји … да се прават повеќе содржини, да се создаваат локални херои и да се оформува национална рамка.Приказната е дека двајца луѓе водат бобрба. Еден ќе победи, другиот ќе загуби. Нема непотребна драма. И, тоа се продава, каде и да си во светот“.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON