Вајли Жанг (20-1, 4-0 УФЦ) е првата шампионка од Кина во УФЦ.
Жанг (30) не губеше време и пред своите навивачи за 42 секунди ја нокаутираше Џесика Андраде (20-7, 11-5 УФЦ) и стана нов шампионка во сламка категорија.
На 27-годишната Бразилка ова и беше прва одбрана на титулата. Појасот го освои во мај на домашен терен во Рио де Жанеиро нокаутирајќи ја Роуз Намхунас.
Џианглианг Ли (17-5, 9-3 УФЦ) од Кина топ тим ја оствари најголемата победа во кариерата нокаутирајќи го на 9 секунди пред крајот на поранешниот шампион на Џаунгл фајт, Елисеу Залески дош Сантос (21-6, 7-2 УФЦ) и ја прекина неговата низата од седум победа.
Новиотзеландецот Каи Кара-Франс (20-7) дојде до 3-0 во УФЦ, откако со едногласна одлука го совлада Марк Де Ла Роса (11-3, 2-3 УФЦ) во перолесна категорија.