Френсис Нгану ги учи децата во Камерун да боксираат (ВИДЕО)

Претендентот за титулата во тешка категорија Френсис Нгану не ги заборава своите корени и сака да им помогне на младите во Камерун. „Предаторот“ имаше исклучително тешко детство, за кое кое може да научите од неговата историја. Нганн сака да им даде шанса на децата да ги следат своите соништа и да избегаат од сиромаштијата преку боречките вештини.

Френсис има фондација преку која им помага на сонародниците и бесплатно ги тренира. Во моментов, Камерунецот е во серија од три победи со нокаут во првата рунда и чека борба за титула.

Погледнете како еден од најопасните борци во тешка категорија ги учи децата во Камерун да боксираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО