УФЦ и службено го откажа реваншот меѓу Конор Мек Грегор и Нејт Дијаз кој беше планиран за главна борба на УФЦ 200 во Лас Вегас на 9 јули
Како причина е наведено одбивањето на Ирецот за извршување на медиумските обврски.
УФЦ планираше медиумска турнеја низ три града – Лас Вегас, Стоктон и Њујорк.
Според извештајот на ТМЗ, промоцијата му понудила на Мек Грегор лет со приватен авион до секоја станица, а со тоа и да ја префрлат неговата опрема од салата во Исланд, каде што се подготвува. Борецот не се согласил со овие услови.
Водството на УФЦ очекува „Ноториус“ да се врати на борилиштето во текот на годината. Во следната борба, најверојатно, нема да се бори против Дијаз, туку ќе ја брани титулата во перо лесна категорија против Хозе Алдо или Френки Едгар.