Аскербиев и Нуров во Монголија пак ќе бркаат виза за Рио, другите ќе чекаат шанса во Истанбул

Nurov na piedestal vo Zrenjanin

Македонските борачи неделава имаат уште една шнаса за обезбедување норма за учество на борачкиот турнир на Олимписките игри во Рио од 5 до 21 август, во Улан Батор-Монголија.

Nurov na EP Riga 2016

Боите на Македонија ќе ги бранат Лабазан Аскербиев (-57 кг) и Магомедгаџи Нуров (- 97 кг) на предолимпискот турнир во главниот град на Монголија, Улан Батор.

Редуцираниот список, барем, според известувањето од ФБСМ, е поради скапите авионски билети. Претходната недела на европскиот квалификациски турнир во Зрењанин учествуваше со четири борачи: Дејан Митров (- 65 кг), Бобан Данов (-125 кг), Аскербиев и Нуров. Тие шансата ќе ја чекаат во Истанбул, Турција (6 – 8 мај), на последниот турнир за ЛОИ, каде што се очекува да се појави и Халил Зубаиров, кој минатата година освои брознен медал на Европското првенство во Полска до 23 години.

Askerbiev borba Zrenjanin 2016

По континенталните квалификациски турнири,како во Зрењанин, на претстојните два можат да учествуваат борачи од целиот свет, кои досега не успеале да обезбедат норма. Но, само првопласираните обезбедуваат место.

Да потсетиме дека Зрењани Нуров го освои третото место, но без ефект, бидејќи во првата борба загуби со 4-2 од Полјакот Радослав Баран, а водеше со 2-0, кој победи во оваа категорија и со финалистот Ибрахим Болукбаши од Турција се пласира на ЛОИ. Другите наши претставници, како по обичај, загубија во првото коло, иако Аскебиев победи во квалификациите.

За жал,на последните Олимписки игри во Лондон 2012 година немавме претсавник, за првпат по 44 години редовно учество.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО