УФЦ го суспендира Мек Грегор

Конор Мек Грегор по поразот во бокс мечот со Флојд Мејведер, кој му донесе многу пари и му го крена имиџот, се соочува со забрана за настап во траење од два месеца.

Тоа е поради техничкиот нокаут и неговата состојба во 10. рунда од борбата со Мејведер, поради тоа од УФЦ доби медицинска забрана и не смее да се бори ако не е целосно здрав.

Со оглед дека на календарот на УФЦ нема некоја голема и важна борба по 26 октомври, јасно е дека Мек Грегор нема да се врати во октагонот до крајот на 2017 година.

Оваа информација сигурно му предизвикала незадоволство, бидејќи пред мечот со Мејведер истакнуваше дека планира да се врати на УФЦ до истекот на годинава.

Мек Грегор е УФЦ-шампион во две категории.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО