Ultimate Fighting Championship (УФЦ) го претстави новиот појас за шампионите.
Промоцијата објави и видео со кое го преставува UFC Legacy Championship Belt.
Новиот појас ги заменува појасите кои се доделувани на прваците од 2001 година.
Првиот Legacy појас ќе му биде ставен околу половината на победникот на мечот меѓу првакот во мува категорија Хенри Сехудо и предизвикувачот, шампион во бантам на Т Џ Дилашоу овој викенд во Њујорк.
This one's for Legacy.
The NEW UFC Legacy Championship Belt will debut Saturday night! #UFCBrooklyn pic.twitter.com/cZwuwkT3qz
— UFC (@ufc) January 18, 2019
„Додека влегуваме во нов период со ЕСПН време е да го смениме и појасот“, рече претседателот на УФЦ, Дана Вајт.
Секој појас ќе биде единствен за секој шампион и на него ќе биде името на земјата од која ќе доаѓа шампионот, како и бројот на одбраните кои ќе бидат обележани со црвени камења, што значи дека нема да бидат доделувани нови појаси за секоја успешна одбрана.
Досега УФЦ шампионатот го освоија прваци од осум земји: САД, Канада, Бразил, Холандија, Полска, Белорусија, Велика Британија и Ирска.
Check out the new editions to the UFC Legacy Belt 👀 pic.twitter.com/2pSDoMpaiv
— UFC (@ufc) January 18, 2019
.