ДАЗН му понуди договор на Кличко за три борби, меѓу кои се реваншите со Фјури и Џошуа

Поранешниот двократен светски шампион во тешка категорија Владимир Кличко, кој има 64 победи на профи рингот (53 со нокаут) и само 5 порази, во моментов преговара со ДАЗН/DAZN за профитабилен договор, според кој треба да се одработо три борби.

Зделката, ако се оствари, ќе го промовира 42-годишниот Кличко во глобален амбасадор на ДАЗН (фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо ја поседува оваа титула за стриминг услуга).

Како дел од договорот, ДАЗН ќе направи значајна донација за УНЕСКО, при што браќата Владимир и Витали Кличко во оваа организација се занимаваат со добротворна работа.

Владимир за договорот разговарал директно со Лен Блаватник, мнозински акционер во DAZN Group, кој поседува богатство од околу 16,3 милијарди долари. Како Кличко, така и Блаватник е роден во Украина.

Според извори, Кличко, кој наполни 43 години во март, сака неговиот прв меч да биде против послаб ривал. Една од битките според неговиот предлог-договор ќе се одржи во Германија, каде што Кличко живее и боксува со години.

Втората битка што треба да се договори е реванш со Тајсон Фјури.

Британецот го победи Кличко со едногласна одлука на судиите во ноември 2015 година Вториот меч беше закажан за 2016 година, но на два пати беше откажан, бидејќи Фјури се бореше со депресијата и употребата на дрога.

Третата битка на предложениот договор е: уште еден реванш, оној против Ентони Џошуа. Џошуа беше срушен во нокдаун во 6-тата рунда, но се дигна за да го нокаутира Кличко во 11-тата рунда во април 2017 година.

Од тогаш Кличко не боксирал. Украинецот разговараше за реванш со Џошуа, но на крајот одлучи да се пензионира.

Гласините за враќањето на Владимир Кличко почнаа минатата недела кога се зборуваше за негова борба со Дилиен Вајт во април. Но, Кличко ги негираше информациите што ги дефинира како „валкани вести“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО