Њујорк е еден чекор поблиску да стане домаќин на настан во мешаните боречки вештини … и тоа легално.
Во присуство на Ронда Русеј и Крис Вајдман беа легализирани мешаните боречки вештини во Њујорк – настанот се одржа во Медисон сквер гарден, а Лоренцо Ферита го искористи моментот да објави дека УФЦ ќе стапне во големиот град на 12 ноември, кога ќе се одржи УФЦ 205.
Се уште не закажана ниту една средба, но случајно или не, на 12 ноември се одржа првиот настан на УФЦ 1993 година.
Ферита истакна дека оваа година ќе има уште еден настан во Њујорк, а допрва треба да бидат конечно избрани датумот и местото.
„Ова е голем момент за сите нас“.
Тоа рече Русеј во краткото појавување на подиумот.
Напорите да се легализира ММА во Њујорк траеја речиси една деценија, а прв пат обидите почнаа во 2007 година. Речиси 10 години и тоа веќе е факт.
Гувернерот Ендрју Куомо рече:
„Медисон сквер гарден е меѓународен симбол на најголемите спортски настани. Сега тука ќе се одржуваат и ММА дуели“.
Куомо истакна дека е воодушевен од економските придобивки поврзани со настаните.
Ферита ја изрази својата благодарност што средби во октагонот ќе можат да бидат видени и во Њујорк:
„Беше долг и сложен процес, но сум исклучително радосен што конечно се случи тоа“.
„Ова е голема можност за нас и немаме трпение да го развиеме бизнисот и во овој град“.