Во главната борба на УФЦ Фајт најт 109 во Стокхолм Александар Густафсон (18-4, 10-4 УФЦ) убедливо го победи Гловер Тешеира (26-6, 9-4 УФЦ).
Двократниот предизвикувач нa УФЦ во полутешка категорија го победи со нокаут во петата рунда.
Во првите три минути Густафсон беше многу подобар во борбата во стоење. Постојано се движеше и погодуваше. Потоа со испружен прст го погоди Бразилецот во окото, а по паузата со одличен десен аперкат. Тешеира не успеваше да го притисне Швеѓанецот до жицата.
Во втората Густафсон повторно во повеќе наврати одлично го користи аперкатот. Многу бега по кафезот и по притискот Тешеира го погаѓа со лактот од свртување и со серија на удари го испраќа противникот на подот. Кон столчињата на крајот на рундата тргнаа раскрвавени, но во завршницата домашниот борец беше помалку активен.
Тешеира на работ на нокаут беше и на почетокот на третата рунда, но повторно успеа да преживее.
Во четвртата Густафсон многу трча во кафезот, но кога прифаќања борба доминира погодувајќи со боксерски техники и со лактот.
На почетокот на петтата рунда Густафсон со три десни аперкати, оружје кое одлично го користеше цела вечер, го здрма, а со десно кроше го нокаутира Тешеира. А по победата во кафезот ја запороси девојката.
Маулер минатиот септември против Јан Блачовиц ја прекина низата од два порази.
https://youtu.be/ktVYnG8TGvU
https://youtu.be/-K7J-j-3arE
https://youtu.be/dIJeNnvttns
Волкан Оездемир (14-1, 2-0 УФЦ) забележува фантастичен старт на кариерата во УФЦ. По победата против Овинс Сент Про во дебито, 27-годишниот Швајцарец за 28 секунди го нокаутира Миша Циркунов (13-3, 4-1 УФЦ) и ја прекина неговата серија од четири победи по неговото доаѓање во американската промоција. Оездемир противникот го нокаутира со еден удар кој го погоди во мечот. При повлекувањето од жицата го погоди и нокаутира Циркунов со десно кроше зад увото.
https://youtu.be/k1ecdrxFNQY
Петар Собота (17-5-1, 3-4 УФЦ) приреди одлична изведба против ветеранот Бен Сондерс (21-8-2 ММА, УФЦ 8-5). Во последната минута од првата рунда Собота со заден лев директ го урива 34-годишниот Американец. Се обидува да го заврши со граунд енд паунд, но Кил Б успева да се извлече. По една минута и половина во втората рунда Сандерс повторно е на работ на нокаут, уште еднаш успеа да се извлече, но само за кратко, бидејќи Германецот го погоди со три леви крошеа, завршувајќи го со десното колено во брадата. Собота во интервју по победата изјави дека во втората рунда ја скршил раката.
https://youtu.be/2VNgd3zy2Zw
Дагестанецот Омари Ахмедов (17-4 М, 5-3 УФЦ), благодарение на честите уривања му го нанесе првиот пораз во кариерата на Абдул Разак Хасан (7-1, 1-1 УФЦ). Ганецот беше подобар во стоење, а победа на крајот со поделена одлука на судиите отиде на страна на Ахмедов.
Поранешниот Кејџ вориорс шампион, Џек Хермансон (15-3, 2-1 УФЦ), брзо го победи Американецот Алекс Николсон. Домашни среднаш на почетокот на битката го урна противникот и го заврши за 2 минути со граунд енд паунд.
Бојан Величковиќ во Стокхолм ја оствари втората победа во УФЦ во четвртиот настап. Српскиот велтераш во третата рунда го нокаутира на домашниот борец Николас Мусоке.
До победата дојде и Дамир Хаџовиќ. „Босанскиот бомбардер“ до првата победа во УФЦ во лесна категорија дојде нокаутирајќи го со коленото на почетокот од третата рунда на Полјакот Марчин Хелда.
УФЦ Фајт најт 109:
Александар Густафсон – Гловер Тешеира (КО, Р5)
Волкан Оездемир – Миша Циркунов (КО, Р1)
Петар Собота – Бен Саундерс (ТКО, Р2)
Омари Ахмедов – Абдул Разак Алхасан (поделена одлука, 30-27, 28-29, 30-27)
Нордин Талеб – Оливер Енкамп (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 29-28)
Џек Хермансон – Алекс Николсон (ТКО, Р1)
Педро Муњоз – Дамјан Стасијак (едногласна одлука, 30-27, 28-28, 29-28)
Тревор Смит – Крис Камоци (едногласна одлука, 30-27, 30-26, 30-26)
Жоаким Силва – Реза Мадади (поделена одлука, 29-28, 28-29, 29-28)
Бојан Величковиќ – Нико Мусоке (ТКО, Р3)
Дарен Тил – Џес Ајари (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 29-27)
Дамир Хаџовиќ – Марчин Хелд (КО, Р3)