Најголемата ММА организација во светот му донираше кафез и ринг на Френсис Нгану, кој има фондација, за да им помогне на луѓето во неговиот роден Камерун.
„Предаторот“ има своја сала во Камерун, каде што повикува реномирани тренери да им помогнат на младите да ги следат неговите чекори и да ги остварат своите соништа. Пред неколку години Френсис го напушти Камерун и замина во Франција, каде што беше бездомник, но благодарение на неговата волја и моќ тој е во ММА и сега е меѓу најмоќните борци.
„Успеавме да наполниме цел контејнер со донации (облека, чевли, играчки, боксерски крукши итн.). Конечно, но не и најмалку важно, октогон и ринг,кои УФЦC ги донираше на мојата фондација, за да може многу луѓе да имаат корист од тоа. Ви благодарам на сите за донациите и за вашата добра волја“, рече Нгану за донацијата од УФЦ.
Во моментов Нгануu е во серија од три последователни победи со нокаут во првата рунда и чека борба за титулата.