Победникот од мечот Вајт-Ривас станува задолжителен предизвикувач на Вајлдер

Лондонскиот меч меѓу Дилиен Вајт и Оскар Ривас е за привремената титула на ВБЦ во тешка категорија.

Победникот ќе стане задолжителен предизвикувач за титулата која моментално ја држи Дионтеј Вајлдер.

Американецот веќе има закажан меч со Луис Ортиз што ќе одржи до крајот на оваа година, како и реваншот со Тајсон Фјури закажан за февруари.

Вајт (25-1, 18 КО) кој е повеќе од година ипол пна првото место на ранг листат на предизвикувачи, но не доби борба со Дионтеј Вајлдер, по неговиот единствен пораз во кариерата од Ентони Џошуа, тој два пати го победи Дерек Чисора,па Лукас Браун, Роберта Хелениус и Џозеф Паркер.

32-годишниот Колумбиец Ривас е непоразен во професионалната кариера. Во последниот настап во јануари го нокаутира поранешниот предизвикувач за титулата Брајант Џенингс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО