УФЦ 205 – машина за соборување на рекорди

dana-vajt-se-smee-po-ufc-2015

Едвај ќе останете изненадени од откритието на Дана Вајт дека УФЦ 205 ги соборил сите можни рекорди во историјата на компанијата.

Фајт картата на настанот несомнено беше најдобрата до овој момент, иако два интереснии дуели отпаднаа од различни причини. Келвин Гастелум не успеа да го помине мерењето, за да се бори со Доналд Кероне додека Рашад Еванс не доби дозвола да се бори со Тим Кенеди од медицински причини. Дури и без овие два меча, сепак, УФЦ 205 е апсолутен победник.

Дана Вајт излезе со повеќе детали за комерцијалниот успех на УФЦ 205 во легендарниот Медисон сквер гарден во Њујорк.

„Вечерва се соборени сите рекорди на УФЦ. Секој рекорд. Сега само ги очекувам бројките од Фокс, како се одвивале работите на Фокс 1. Навистина би било чудно ако не го соборивме и овој рекорд“.

Запрашан да потврди дали УФЦ 205 е новиот шампион на компанијата во однос на бројот продадени pay-per-view пријави Вајт возврати:

„Го собори рекордот“.

УФЦ 205 го подобрил и досегашниот рекорд на Медисон сквер гарден во однос на приходите од билети, што е одлично постигнување, имајќи во предвид дека оваа сала организира какви ли не големи спортски настани од секаков тип.

„Дефинитивно, го исцедивме максимумот од навивачите во однос на цените на билетите. Тоа не е моето омилено нешто, но генерално, не е различно од другите динамички цени. Не е различно од билет за авион. Кога има голема побарувачка, цената на билетот оди нагоре. Тоа се случи и тука“.

„Местата беа целосно распродадени. Беше полно до дупка. Го подобривме рекордот на МСГ, а не мислам дека овој рекорд некогаш повторно ќе биде подобрен. Ќе треба Исус Христос да се бори со Ѓаволот за да се собори овој рекорд, човече. Едноставно не гледам што би го подобрило“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО