УФЦ 197: Мек Грегор оди и на втората титула, во сонасловната борба Холм-Тејт!

McGregor-Dos-Anjos

Според најновите информации, УФЦ 197 кој треба да се одржи на 5 март во Лас Вегас ќе ни донесе две борби за титулата. Конор Мек Грегор ќе премине во лесна категорија и ќе го нападне појасот кој е во сопственост на Рафаел дош Ањош, додека Холи Холм во својата прва одбрана на титулата за противник ќе ја има Миша Тејт.

Само што зачекоривме во новата година, а веќе имаше неколку големи настани. Откако пред еден месец го освои појасот во перолесна категорија, на Мек Грегор ќе му се исполни и другата желба,  односно да атакува на уште една титула. Така ќе се остварат најавите за кои пишуваше некое време. Ако може да веруваме на зборовите на Дана Вајт, на Ирецот ќе му се овозможи напад на појасот во сопственост на Дош Ањош, без откажување од оној што го поседува.

Во сонасловната борба на овој настан би требало да се види дуелот Холи Холм и Миша Тејт. Актуелната шампионка во својата прва одбрана за противник ќе ја има поранешната предизвикувачка, која е рангирана на второ место на УФЦ листата.

Иако официјална потврда се уште нема, за ова се распишуваа сите водечки американски медиуми за боречки вештини, а реакцијата на водечките луѓе на УФЦ се очекува овие денови. Да потсетиме дека УФЦ 197 првично требаше да се одржи во Бразил, но одлуката за неговата преселба е донесена уште минатиот месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON