УФЦ за мај најави три настани за една недела

И покрај тешката состојба со коронавирусот во САД, УФЦ планира да одржи дури три настани за една недела во мај.

Говорејќи за ЕСПН, претседателот на УФЦ, Дана Вајт изјави дека УФЦ 249 ќе се одржи на 9 мај, а во главниот меч на вечерта, Џастин Гејџи и Тони Фергусон ќе се борат за привремената титула во лесна категорија.

Доколку навистина се одржи настанот, не чекаат врвни пресметки на тешкашите – Френсис Нгану против Жаирзињо Розенструик и Фабрицио Вердум против Алексеј Олејник. Хенри Сехудо е подготвен да ја брани титулата во бантам категорија против поранешниот шампион Доминик Круз.

УФЦ 249 е предвидено да се одржи во Џексонвил, Флорида. Таа федерална држава последна воведе ограничувања, а таму се одржа и Врестлеманија без гледачи.

УФЦ 249 првично требаше да се одржи на 18 април во Лас Вегас. Во меѓувреме настапот го откажа шампионката во две тежински категории Аманда Нунес.

Следните настани се закажани за 13 и 16 мај. Ќе биде објавен список на борби во наредните денови.

УФЦ 249:
Тони Фергусон – Џастин Гејџи
Хенри Сехудо – Доминик Круз
Френсис Нгану – Жаирзињо Розенструик
Џереми Стивенс – Калвин Катар
Грег Харди – Јорган Де Кастро
Доналд Цероне – Ентони Петис
Алексеј Олејник – Фабрицио Вердум
Карла Еспарза – Мишел Ватерсон
Урија Хол – Роналдо „Жакар“ Соуза
Висенте Луке – Нико Прајс
Брис Мичел – Чарлс Роза
Рајан Спан – Сем Алви

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON