Најсилната MMA промоција објави видео од Одбројување на УФЦ 257 во пресрет на големиот настан што ќе се одржи на 23 јануари во „Етихад“ арената во Абу Даби.
Билетите за спектаклот на боречки вештини, кои ќе го предводат реваншо во лесна категоирја меѓу Конор Мек Грегор и Дастин Пориер, веднаш пламнаа штом се појавија во продажба.
Влогот на мечот може да биде огромен, бидејќи победникот може да добие шанса да се бори за шампионскиот појас.
Првата борба помеѓу Мек Грегор и Пориер се случи на 27.09.2014 година на настанот УФЦ 178 во Лас Вегас, кога ирскиот борец го совлада Американецот со прекин за помалку од две минути.
Тоа беше борба во лесна категорија, а Конор подоцна стана двократен УФЦ шампион.
Секако, УФЦ најави уште едно ново одлично видео за бортечкиот спектакл и на своите фанови им претстави двајца врвни борци Конор Мек Грегор и Дастин Пориер.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=_TvzGiyhh7U&feature=emb_logo
Секако, не помалку интересна ќе биде борбата за титулата помеѓу Дан Хукер и Мајкл Чендлер, кои пристигнаа од Белатор.
Доколку Хабиб Нурмагомедов остане на својата одлука да не се враќа на борбите, победникот во мечот може да биде кандидатот на мечот за титулата во лесна категорија, или можен противник на Конор или Дастин.
https://www.youtube.com/watch?v=JfiBLfku1Bs&feature=emb_logo