Хрговиќ жестоко тргна на подготовките за новата борба (ВИДЕО)

Најдобриот хрватски боксер Филип Хрговиќ жестоко тргна во новата година во која очекува нов исчекор во професионалната кариера.

По триумфот на последниот меч против Ридел Букер, во кој стигна до 12-та победа со технички нокаут во петата рунда, прозва неколку борци од врвот во тешка категорија Даниел Дубоа, Александар Поветкин, Дилиен Вајт

Филип најави дека сигурно ќе има добро познат противник на последниот меч од договорот со Мечрум.

Во пресрет на Новата година, тренерот на Хрговиќ, Педро Дијаз пристигна во Загреб, а нашиот боксер започна да се подготвува за нова борба.

Хрговиќ на својата Фејсбук страница објави снимка од неговиот тренинг.

Видеото покажува дел од тренингот на кој Хрговиќ работи со фокусери, а го следи друг тренер на Филип, Јусеф Хасан.

Филип продолжува да тренира и чека наскоро неговиот следен противник да му го даде промоторот Еди Херн.

Видетото може да го погледнете на овој ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО