Официјално: Неправдата е исправена, мечот на Бобан Илиоски прогалсен за нерешен!

Организитарот на профи бокс мечот меѓу нашиот Бобан Илиоски и Григор Саруханјан од Бугарија борбата ја прогласија за нерешена откако беше поднесена жалба на кончениот исход со кој бугарскиот боксер беше прогласен за победник на завчерашниот меч во Софија.

Илиоски загуби со поделена контроврезна судиска одлука, двајца судии борбата ја бодуваа нерешено, а еден му даде предност на бугарскиот боксер од еден поен. По правилата судиите борбата требаше да ја прогласат за нерешна, но тоа го негираа и му доделија победа на домашниот боксер.

Официјално мечот е прогласен за нерешено“, вели тренерот Дејан Митровски – Урко и додава:

Се извинуваат за направената грешка на судијата во рингот што го прогласи противникот на Боби за победник. Мое мислење е дека намерно беше така направено од страна га судијата во рингот. Пристрасноста кон противникот судијата ја покажа во текот на целата борба. Тој требаше уште еднаш да му брои на противникот. Повеќе пати го одмараше кога ќе добиеше удар и го влечеше низ рундите, давајќи му совети со мимики и гестакулации, за да не дојде до пораз над неговиот фаворит. Се однесуваше како да му е тренер во агол, а не судија во ринг.

Можно е за некој месец повторно да ги вкрстат ракавиците Илиоски и Саруханјан.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО