Поранешниот шампион во тешка категорија на УФЦ, Тим Силвија, изјави на социјалните медиуми дека има проблем со железнитеплочки што му беа ставени на скршената рака пред неколкиу години. Во 2004 година, Силвија се соочи со Френк Мир, кој му нанесе повреда и му ја скрши раката 50 секунди по почетокот на борбата. Тим одби да се предаде, но судијата виде што се случи и ја прекина борбата.
Сега, 16 години подоцна, оваа фрактура повторно му создава проблеми на поранешниот шампион кој се пензионира пред неколку години и не се борел од 2013 година. Силвија покажа слика од инфицираната рака и се пожали дека УФЦ одбил да ја покрие сметката за лечењето.
„Раката ми предизвикува проблеми повеќе од една година. Завртките што ми беа поставени откако Френк Мир ми ја скрши раката откажуваат. Мојот лекар се јави во УФЦ, затоа што тие платија првиот пат, но организацијата рече дека не е нивни проблем и нема да ги покријат трошоците. Јас немам осигурување и ќе чинат над 10,000 американски долари за да се оправи работата. Што да се прави“?
Крис Киборг коментираше под фотографијата и ги советуваше младите борци да обрнат внимание на овие работи. Неодамна стана јасно дека другите поранешни борци на УФЦ се исто така во лоша финансиска состојба. Луѓе блиски до Сем Стаут, чија ќерка почина, организираа кампања за прибирање финансиски средства за да ги покријат трошоците за погребот. Друг поранешен борец на УФЦ, Брајан Каравеј, исто така, почна акција за донации на социјалните медиуми, за да собере пари за погребот на неговата мајка.
https://www.instagram.com/p/CA8wsriJ4f2/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/CA2q13zJ2hA/?utm_source=ig_embed