Хабиб Нурмагомедов одби тестирање за Ковид-19

Неспорниот шампион во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, одби да биде тестиран за Ковид-19.

На почетокот од минатиот месец, беше извесно дека татко му Абдулманап имал срцев удар откако се заразил со коронавирусот. Таткото на шампионот беше лекуван во Дагестан, но состојбата му се влоши и со специјален лет итно беше пренесен во Москва. Легендарниот тренер беше подложен на операција на срце и се уште е во вештачка кома.

Руските медиуми објавија дека лекарите понудиле целосен тест за Ковид-19 на Хабиб, кој го одбил и посакал докторите целосно да се фокусираат на здравјето на татко му. Ова е интересна одлука на шампионот, кој минатиот месец ги критикуваше хејтерите, велејќи дека Ковид-19 е реалност и 500 луѓе одеднаш се заразиле во Дагестан.

https://www.instagram.com/p/CA3JVhPFmDQ/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО