Харитонов: Мајк Тајсон е на стероиди

ММА ветеранот Сергеј Харитонов верува дека легендарниот Мајк Тајсон користи стероиди пред да се врати во рингот. 39-годишниот Русин, кој има скор 30-7-2 во ММА, веќе изрази желба да се сретне со 53-годишниот нокаутер во рингот, но немаше одговор од Тајсон.

Сергеј победи со нокаут во три последните пет борби, а во последениот меч на крајот на февруари го нокаутира Фернандо Родригез. Харитонов реши повторно да зборува за Тајсон и призна дека во младоста ги користел и забранетите лекови.

„Мајк Тајсон е надуван, но тоа не е проблем. Нема да го тестираат за допинг. Тајсон зема тестостерон и некои други работи. Нема огорченост спрема Тајсон, кој има 53 години. Како инаку можеше да влезе во топ форма? Само со стероиди, нема друга опција. Дали сум користел забранети супстанци? Да, кога бев во армијата. Тогаш сите пробаа различни апчиња.

Во третата или четвртата година, кога сите тренираа, моите пријатели донесоа нандролон. Се инјектирав за да изгледам добро, да имам добро тело. Се сеќавам дека моите мускули беа како карпи. Се погледнав во огледало и сфатив дека тоа не е за мене. Престанав да го правам тоа и немам намера да го повторам. Прво, тоа е лошо за вас. Второ, тоа е нелегално во спортот“, рече Харитонов.

https://www.instagram.com/p/CAMPRkID_3y/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО