УФЦ 249 нема да се одржи на приватен остров, туку во Калифорнија

УФЦ 249 нема да се одржи на приватен остров како што зборуваше Дана Вајт, туку, ќе се одржи во Калифорнија.

„Њујорк Тајмс“ дојде до информација дека УФЦ 249 настанот ќе се одржи во „Тачи Палас“ хотелот во Калифорија.

„Место каде што ќе бидат одржани борбите во наредните два месеци ќе биде заклучено и ќе продолжиме да ги закажуваме борбите“, истакна Вајт.

Успеал Вајт да се обезбеди дека Атлетската комисија во Калифорнија нема да се меша во процесот на организација и дека овие борби нема да бидат под нивни ингеренции.

Првиот евент кој ќе се одржи е УФЦ 249 евентот на 18. април и на тој за привремениот појас во лесна категорија ќе се борбат Тони Фергусон и Џастин Гејџи. Хабиб ќе потсетиме не учествува затоа што не може да ја напушти Русија поради затварањето на границите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON