Меѓународна сценаММА

УФЦ вети зголемување на бонусите

Претседателот и главен оперативен директот на „TKO Груп холдингс“, Марк Шапиро, се осврна на зголемените поплаки за платите на борците, само по неколку месеци откако УФЦ потпиша нов телевизиски договор од 7,7 милијарди долари со Прамаунт+. Кон крајот на минатата година, водечката светска MMA-промоција објави дека го прекинува својот ППГ-модел и дека се префрла во „Парамаунт“ по исклучително успешното партнерство со ЕСПН.

Огромниот договор поттикна оптимизам кај натпреварувачите и кај обожавателите за потенцијалот за зголемување на платите на борците. Пред првиот УФЦ-настан во годината, претседателот на промоцијата, Дана Вајт, објави дека, по борбата, ќе бидат зголемени бонусите од 50.000 на 100.000 долари. Покрај тоа, беше објавено дека сите борачи што ќе ги завршат своите борби со прекин ќе добијат дополнителни 25.000 долари.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON