УФЦ создава нова категорија за да ги задоволи каприците на Мек Грегор

Ретко обрнуваме внимание на теориите на заговор, но кога некој доаѓа со авторитет за мешаните боречки вештини, како Даниел Кормиер, тогаш работите добиваат одредена легитимност. Токму тој објави дека се шпекулира оти Дана Вајт не случајно го одложува претставувањето на главниот настан за УФЦ 300, бидејќи планира да отвори нова тежинска категорија со која ќе ги задоволи хировите на Конор Мек Грегор.

ДК на својот Јутјуб канал изјави дека организацијата размислува да ја зголеми средната категорија за 5 фунти за да направи простор меѓу двете со посредна тежина за борци до 75 килограми. Тоа би одело нешто по линијата на супер велтер категорија.

„Ноториус“ веќе се огласи дека неговата борба со Мајкл Чендлер ќе биде во средна категорија бидејќи се чини дека ужива во поголема лична тежина по третманот на скршената нога.

Очекуваме наскоро Дана Вајт конечно да ја крене завесата за главната борба на УФЦ 300, и со целата оваа возбуда навистина би сакале да слушнеме нешто толку сензационално, бидејќи на тој начин Конор Мек Грегор ќе има шанса да се врати директно на меч за титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО