УФЦ најави голема борба во март 2023 година

Раководството на УФЦ официјално соопшти дека средбата во средна категорија меѓу грузискиот MMA борец Роман Долидѕе и Италијанецот Марвин Ветори ќе се одржи на 18 март годинава.

Борбата ќе ја пополни картата на следниот турнир УФЦ 286 кој ќе се одржи во Лондон.

Роман Долидѕе последната борба ја имаше на УФЦ на ЕСПН 42 минатиот декември. 34-годишниот грузиски борец го победи Џек Хермансон со ТКО во втората рунда. Вкупно Долидѕе има 12 победи во професионални мешани боречки вештини со еден пораз.

Марвин Ветори во септември загуби со едногласна одлука од Роберт Витакер на УФЦ Фајт најт 209. Вкупно, Италијанецот има 17 победи во ММА со шест порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО