Хенри Сехудо: Џон Џонс ќе биде борецот на годината во 2023-та

Поранешниот шампион во две категории на УФЦ верува дека Џон Џонс ќе биде најнезаборавниот борец во 2023 година. Поминаа три години откако Џонс последен пат влезе во октагонот на организацијата. Го победи Доминик Рејес, а потоа изјави дека се подготвува за во тешка категорија. Неговиот вечен ривал Даниел Кормиер изјави дека Џон има добри шанси во тешка категорија и покрај нивното долгогодишно ривалство внатре и надвор од кафезот, не го криеше потенцијалот што го има борецот. Истиот став сега го искажа и Сехудо.

„Џонс се опорави од повредите, тренира и има способност повторно да го запали оганот. Така, кога размислувам за борбената 2023 година и неговото враќање, го гледам Џон Џонс како борец на годината“, рече Сехудо.

Сехудо, исто така, смета дека сега е моментот Џон да влезе во тешка категорија. Засега сè уште нема ништо конкретно, но гласините упорно се шират за идејата за судир меѓу Џонс и Френсис Нгану. Всушност, коментарот сега е многу повеќе и никој не замислува поинакво деби во тешка категорија на Џон.

„Мислам дека подобрите шанси се на страната на Џон. Френсис се враќа од повреда, Џон е гладен и не се борел три и пол години“, вели Сехудо.

Џон Џонс напорно тренира за враќање, а фановите и експертите ја забележуваат насобраната мускулна маса која борецот ја демонстрира на фотографии и видеа на социјалните мрежи. Многу веројатно е Сехудо пак да се врати во октагонот во првите 6 месеци од 2023 година. Тој е олимписки шампион од Игрите во Пекинг и престана да се бори откако успеа да освои појаси во две категории. Се чини дека и двајцата познати борци ќе се најдат на борбените карти на Дана Вајт, а новата година со нивното учество ќе донесе нови емоции за љубителите на мешаните боречки вештини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО