УФЦ ги забранува националните знамиња

Со текот на годините, се навикнавме да гледаме борци од различни дисциплини, без разлика дали се во аматерски или професионални спортови, како излегуваат на сцената со државното знаме околу нив.

Најкомерцијалниот синџир за ММА, УФЦ, никогаш не бил исклучок, но се чини дека тоа е минато.

Водачите на најголемата ММА организација одлучија да им забранат на борците да ги веат нивните национални знамиња. Натпреварувачите не смеат да ги носат знамињата на својата земја ниту во октагонот, ниту додека одат кон него.

Иако официјално не е објавена причината за ваквата одлука, претседателот на УФЦ, Дана Вајт, даде смислен одговор на прашањето.

„Да, ги забранивме знамињата. Добро знаете зошто, нема смисла да си играме ебани игри“, изјави Вајт на официјалната прес-конференција по УФЦ 274.

Борците нема да имаат право да се сликаат со државните знамиња на фотосесиите по завршувањето на нивните средби.

Голем број западни медиуми изразија мислење дека забраната е постигната поради воениот конфликт во Украина, кој трае веќе неколку месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON