Една од најголемите ѕвезди на УФЦ, Конор Мек Грегор, летово ќе се врати во кафезот.
https://www.youtube.com/watch?v=vMjJNQrGz_Y
По тој повод организацијата објави клип со сите негови победи во славната кариера во којa стана првиот борец кој ги освоил појасите во две различни категории истовремено.
Следна за ирската суперѕвезда е борбата против Мајкл Чендлер на УФЦ 303, која треба да се одржи на 29 јуни.