УФЦ 298 преглед: Волкановски – Топурија

Викендов УФЦ се враќа со уште една гала вечер.

Галата на УФЦ 298 ќе се одржи во Анахајм, Калифорнија. На главниот настан ќе се одржи борбата за титулата во перо категорија. Шампионот Александар Волкановски ќе се соочи со Илија Топурија. Букмејкерите им даваат изедначена шанса, но Топурија не е заинтересиран и веќе се прогласи за шампион.

Илија не вкусил пораз во професионалната кариера. Има 6 победи во УФЦ и вкупно 14 во ММА. Волкановски се уште е непоразен во својата категоријја. Двапати загуби од Ислам Махачев, но во борба за титулата во лесна категорија. Алекс има скор од 26-3 во ММА.

Главна карта:
Александар Волкановски (в) – Илија Топурија
Роберт Витакер – Роберт Витакер
Џеф Нил – Јан Мачадо Гари
Мераб Двалишвили – Хенри Сехудо
Ентони Хернандез – Роман Копилов

Прелиминарни:
Аманда Лемос – Мекензи Дерн
Маркос Рожерио де Лима – Џастин Тафа
Риња Накамура – Карлос Вера
Џанг Мингјанг – Бренсон Рибеиро
Џош Квинлан – Дени Барлоу
Обан Елиот – Вал Вудбурн
Андреа Ли – Миранда Маверик

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО