УФЦ 279 е во големи проблеми! Хамзат Чимаев грубо ја надмина тежинската граница во полусредна категорија

Големи се шансите главната борба на вечерта да биде откажана по официјалното мерење.

Токму кога се чинеше дека се оди според планот што се однесува до УФЦ 279 настанот, односно немаше откажувања поради повреди и слични причини, се појави Хамзат Чимаев на официјалното мерење.

Ариел Хелвани веќе на самиот почеток на официјалното мерење презентираше информација дека Чимаев се мачи да ослабе, но се чекаше официјалното појавување на Хамзат на вагата. На 40-тина минути до крајот на мерењето стапна Чимаев.

Сите нетрпеливо чекаа да се прочитаат резултатите, а официјалната тежина на Хамзат ги шокираше сите присутни. Вагата покажа 178,5 фунти (80,97 кг), што е дури 7,5 фунти (3,40 кг) над горната граница во полусрeдна категорија.

Нејт Дијаз, пак, малку порано зачекори на вагата и тежеше 171 фунта. Со тоа Нејт си ја заврши задачата, а засега не се знае што ќе биде со борбата. Ова е огромно пречекорување и во моментов треба да чекаме информации за самата борба.

Се поставуваат прашања дали Дијаз ќе се согласи да се бори со многу потежок противник и дали комисијата воопшто ќе дозволи да се одржи овој меч. Исто така, ќе биде интересно да се види дали УФЦ има алтернатива во случај Чимаев да добие забрана за утрешниот настан на УФЦ 279.

Продолжението на мерењето и официјалното УФЦ „Веиг-ин“ шоу можете да го проследите ТУКА, а таму веројатно ќе добиете информациите за одржувањето на мечот меѓу Дијаз и Чимаев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО