Убиство во Сараево: Томислав Спаховиќ во бегство пред законот!

Tomislav-Spahović

Томислав Спаховиќ, еден од најпознатите босански ММА борци, е осомничен за убиство на Амил Гец (32) и моментално е во бегство пред законот, јавуваат медиумите од Босна и Херцеговина.

Гец почина по здобиените повреди во пукањето од минатиот петок. Тој ден, полицијата извести дека непознати лица на улицата „Нусрет Прохиќ“ пукае во бел „голф 3“ со кој управувал настраданиот Гец. Еден од куршумите го погодил Гец во главата, а тој веднаш со брза помош е пренесен во болница, но поради сериозноста на повредите починал.

Главно осомничен во убиството на смета Спаховиќ, но полицијата трага по уште едно лице, под сомнение дека исто тка учествувал во пукањето, објави Дневни аваз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON