Мек Грегор вратен на УФЦ 200!

 

Conor-McGregor vika so znameto

Конор Мек Грегор е недопирлив. Иако по минатонеделната драма претседателот на УФЦ, Дана Вајт, одлучи да ја отстрани најголемата ѕвезда на промоцијата на УФЦ 200, „The Notorious“ преку Твитер објави дека повторно е во игра.

„Драго ми е да ве известам дека сум повторно на УФЦ 200! Благодарност на Дана Вајт и Лоренцо Ферти што имм го овозможија ова на навивачите“.

Happy to announce that I am BACK on UFC 200!
Shout out to @danawhite and @lorenzofertitta on getting this one done for the fans.

Мек Грегор до минатиот вторник требаше да го предоводи УФЦ 200, а неговиот реванш со Нејт Дијаз уште еднаш да урива рекорди и така на промоцијата да и обезбеди голема заработувачка, но поради несогласувањата со челниците на компанијата „The Notorious“ преку Твитер објави дека оди во пензија. Тогаш Дана Вајт го отстрани шампионот во перолесна категорија од листата на бои со образложение дека Ирецот не сакал да ги одработи промотивните должности и да се појави на прес-конференцијата во Лас Вегас.

Преку објавата на Фејсбук Мек Грегор во четвртокот објасни дека тој е подготвен да настапи на големиот настан во јули, но овој пат сака да се фокусира на тренирањето, наместо на медиумските должности. Претседател на компанијата во петокот на прес-конференција му одговори и дефинитвно потврди дека е  отстранет од настанот, се до денес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО