Убиен украинскиот шампион во кикбокс Лашченко!

lascenko

Украинскиот шампион во кик-бокс, Сергеј Лашченко е убиен денеска во Одеса во престрелка при која се повредени уште две лица. На Лашченко и уште двајца негови пријатели одненадеж било пукано од непознати напаѓачи.

Шампионот од Павлоград имаше 28 години, со педигре на еден од најдобрите кик-боксери на светската сцена. Лашченко во 2011 година беше победник на престижниот Суперкомбат во светската Гран При серија. Во кариерата имаше 47 борби, од нив 33 ги заврши со победа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON