Повеќекратниот светски шампион во џиу-џицу Видади Марданов (32) е убиен пред својата куќа во Дербент.
Марданов истовремено бил и претседател на НФЦ ММА граплинг лигата и бил убиен со пиштол околу четири часот наутро, објавија медиумите.
„Човекот бил повикан на пресметка, а кога излегол го застрелале и побегнале“, ги пренесуваат локалните медиуми зборовите на нивниот извор од полицијата.
Напаѓачите набрзо биле идентификувани, а според медиумите се работи за Тимур Асадом (27) и Абдумислим Муртазалиев (23).